Во Русија остануваат оптимисти дека наскоро самбото ќе стане дел од олимпиското семејство.
Тоа е боречка вештина е создадена во 20-тите години на минатиот век, кога Црвената армија развива свој метод за вечната борба. Самбо всушност значи „самоодбрана без оружје“.
Претседателот на Рускиот олимписки комитет, Александар Жуков изјави:
„Самбото се развива со брзо темпо, се повеќе земји се приклучуваат на овој спорт. Се повеќе земји се вклучуваат на меѓународните самбо натпревари. За нас во моментов најважно е да станеме дел од олимпиското семејство“.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја поддржува оваа идеја и ветува дека ќе вложи напори во таа насока.
„Самбото е една од новите кандидатури која се разгледува од Меѓународниот олимписки комитет. Треба да направиме се што е можно за да го направиме оваа популарна и атрактивна боречка вештина да стане дел од олимписката програма“.