На Изборното првенство за борачи до 23 години во Радовиш повторно имало инцидент. Во категоријата до 65 килограми меѓу Ријад Реџепи и Серхан Шакиров, во која победил борачот на Лирија, дошло до инцидент.
Тоа го потврдува и секретрот на ФБСМ, Љупчо Лазаревски.
„Дојде до прекин на првенството околу 20 минути. Делегатот Љупчо Јанев го дисфалификува Ријад Реџепи, поради некоректно однесување по средбата. Постоеше опасност Балканец да го напушти првенството. По дисвалификацијата на Реџепи, првенството продолжи. Тоа беше борба во полуфиналето и Серхан Шакиров го освои второто место во оваа категорија. Имаше Реџепи некаков контакт со Шаќиров“, изјави Љупчо Лазаревски.
Ipon.mk/В.Д.