На Опен Балкан купот и Лигата на олимписки надежи во Пирот неколку победи на македонските боксери

Вчера во Пирот, Србија, се одржа 1.коло од Опен Балкан купот и Лигата на олимписки надежи каде што настапија и наши боксери, при што забележаа неколку победи.

Победи забележаа Михаил Аврамовски од Алексо Огненовски, Иса Бајрам од Пинк пантер, Андреј Јаневски од Пелистерски јунак и Наум Стојаноски од Алексо Огненовски.

Ова е прв настап во 2025 година и е добар за загревање за идните натпревари.

Резултати:

Лига на олимписки надежи

Кадети
42 кг Михаил Аврамовски (Алексо Огненовски) – Марко Чулиновски (Пинк пантер) 5-0
57 кг Милош Тијаниќ (Константин) – Иса Бајрами (Пинк пантер) 1-4
60 кг Михајло Јовановиќ (А тим) – Зулфиќар Бајрам (Пинк пантер) прекин Р2

Опен Балкан куп

Јуниори
48 кг Павле Поповиќ (Константин) – Петар Трајчески (А. Огненовски) 5-0
50 кг Јован Димитриевиќ (Арена) – Арабел Рустемовски (Пелистерски јунак) без борба
60 кг Деспот Кулевиќ (Константин) – Андреј Јаневски (Пелистерски ј.) 1-4
70 кг Вук Станимировиќ (Радник) – Лиридон Ештрефи (Пелистерски ј.) 4-1
70 кг Душан Стошиќ (Србија) – Лука Грозданоски (А.Огненовски) 5-0
+80 кг Душан Михајловиќ (Србија) – Бојан Мачковски (Пелистерски ј.) 5-0

Млади
63,5 кг Данило Шќепановиќ (Наисус) – Синиша Талевски (Пелистерски ј.) 5-0
63,5 кг Страхиња Велјковиќ (Српска част) – Димитар Ѓорески (А.Огненовски) б.б. лекар

Сениори
71 кг Димитрије Лукиќ (Константин) – Наум Стојаноски (А.Огненовски) 0-5 ТКО Р1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО