Во Олимпик спорт 2007 се задоволни од учинокот на Државното карате првенство за сениори

Во Олимпик спорт 2007 се задоволни од учинокот на Државното карате првенство за сениори кое викендов се одржа во Скопје. Олимпик спорт во вкупниот пласман беше втор со 9 медали – 4 златни, 3 сребрени и 2 брозени. 

„Овој резултат се должи на континуирана работа овие 20 години каде карате клуб Олимпик е на врвот на домашната и меѓународната сцена“, велат тренерите Александар Ацевски и Кристијан Младеновски.

Олимпик спорт ги постигна следните резултати на Државното првнество:

Женската екипа во борби екипно беше прва;

Михаела Мишовска е државен првак во категорија -50кг;

Вероника Костовска е државен првак во категорија-61кг;

Магдалена Божоноска и Јована Георгиева освоија бронзенни медали категориите до 61 и до 55 кг;.

Фаик Весели во категорија -60кг го освои златниот медал;

Матеј Белистојаноски (-67 кг) и Андреј Ангеловски (-84 кг) освоија сребрени медали;

Машката екипа на Олимпик второпласирана.

Од Олимпик истакнуваат дека ова е најава за традиционалниот карате турнир „Олимпик опен“ кој ќе се одржи на ден 12 април во спортски центар „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON