На 26 март (недела) се одржува Држваното првенство во џиу џицу во Штип во дисциплините во не ваза и борби.
Синоќа беше направен жребот, а се прочистија и категориите. Засега се пријавени преку 30 борци во не ваза и над 50 за борби.
За прв пат Државното првенство ќе се одвива на две борилишта, едното за „не ваза“ а другото за борби во спортската сала „Јордан Мијалков“ со почеток во 10 часот.
Од страна на организаторот ЏЏК Осенсеи од Штип е најваено Првенството ќе го пренесува локална телевизија со директно вклучување во ТВ Нова во спортските вести во 12 часот. Исто така ќе биде поставен и линк преку кој Државното првенство ќе може да се гледа во цел свет во живо.
ИПОН.МК исто така ќе го пренесува Државниот шампионат.
Ipon.mk/В.Д.