Во недела, по повод националниот празник „11 Октомври“, ќе се одржи 11-тиот Меѓународен џудо турнир „Прилеп град херој-2019 – Цевитана куп“, во комплетна организација на Џудо клубот Сеишин во соработка со Џудо федерацијата на Македонија.
До овој момент се пријавени околу 30 клубови од 7 држави (Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора и Косово) со околу 250-300 натпреварувачи.
Во сабота ќе се одржи прес-конференција по повод овој настан на која ќе присуствуваат и големи имиња на џудо спортот оа овие простори, како Славко Обадов – Србија, Вук Рашовиќ – Србија, Павле Буљчик – Србија, Чихи Јанош – Унгарија.
Борбите ќе се одржат во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со свеченото отворање во 10:00 часот.