Во најуспешната година Миоки ги прогласи најдобрите џудисти (ФОТО)

Џудо клубот Миоки ги прогласи најдобрите за 2017 година.

За најуспешен најмлад натпреварувач е прогласена Марија Кузмановска – освојувач на бројни медали од меѓународните натпревари.

Најуспешна пионерка е Борјана Поп-Атанасова-освојувач на бројни медали од меѓународните натпревари и државен првак кадетки.

Најкадетка е Наталија Динова – државен првак кадетки и сениорки.

А најкадет е Хамза Јашари – златен медал на Европски куп – Ѓиор, 5 место на Европско првенство, 3 место на Балканско првенство, 5 место Европски куп-Копер, државен првак.

Признание за најуспешен кадет доби и Еди Шерифовски – 7 место на Светско првенство, 5 место Балканско првенство, 5 место Европски куп – Анталија, државен првак.

Берна Шерифовска е прогласена за најуспешна јуниорка – 5 место на Европски куп – Арад, бронзен медал на Балканско првенство за сениорки, државен првак.

Додека најуспешен јуниор е Артан Рушити – државен првак, 7 место на Европски куп – Арад.

Пред испитната комисија во состав: Игор Паскоски 4 дан, Нада Ристов 2 дан, Катерина Николоска 2 дан и Берна Шерифовска 1 дан и пред новиот претседателот на ЏФМ, Филип Иванов, повќе џудисти положија за појаси.

„Признание за посебни заслуги доби г-дин Трајче Петровски. Покрај тоа, 10 џудисти го положија испитот за жолт појас, 2 за портокалов, 2 за зелен и 1 за син. Кристина Јазаџиќ, Наталија Динова и Ангел Динов го положија испитот за кафеав појас демонстрирајќи ги првите три сета од Nage No Kata“, изјави тренерот на Миоки м-р Игор Паскоски (4 дан) и додаде:

„Ова беше најуспешна година во досегашната историјата на ЏК Миоки, но и на Џудо федерацијата на Македонија,  претежно со резултатите постигнати од нашите членови. Очекувам подобри резултати на меѓународен план во 2018“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON