Големиот настан на ПФЛ на крајот од сезоната, кој се одржа во Ријад, изобилуваше со фантастични борби и спектакуларни завршници.
Во руската пресметка во финалето во тешка категорија, Денис Голцов го со завршница во првата ринда го победи Олег Попов. Денис го искористи моментот и со задушување со триаголник го принуди противникот да се предаде.
Тоа беше 36-та победа во кариерата и четврта во низа за големиот Русин. Со оваа победа Голцов би можел да биде следниот предизвикувач на Френсис Нгану во супер борбата на ПФЛ.
Во полутешка категорија беа доволни 58 секунди за Довлетџан Јагшимурадов да стигне до титулата. Туркменецот со нокаут го победи американскиот борец Импа Касанганај.
Непоразениот Русин Шамил Мусаев со прекин во третата рунда го победи сонародникот Магомед Умалатов и го освои шампионскиот појас во полусредна категорија. Тоа беше 18-та победа во кариерата на Мусаев.
Дагестанецот Гаџи Рабаданов во одличен меч во лесна категорија со нокаут во третата рунда го совлада американскиот борец Брент Примус. Рабаданов ја покажа својата сила и прецизност против поранешниот шампион во Белатор.
Фантастичниот дагестански борец на тој начин убедливо стигна до својата десета победа во низа и 24-та во кариерата.
Во финалето во перо категорија, Брендан Лофнане доминираше и со едногласна одлука на судиите го победи Дагестанецот Тимур Хизриев.
Англичанката Дакота Дичева беше подобра од Бразилката Таила Сантос во финалето на мува категорија со прекин во втората рунда.
Резултати од настанот ПФЛ 10:
Брендан Лофнејн – Тимур Хизриев – едногласна одлука (50–45, 49–46, 49–46)
Дакота Дичева – Таила Сантос – ТКО (удари по телото), Р2 (4:41)
Довлетџан Јагшимурадов – Импа Касангаај – КО (удари), Р1 (0:58)
Шамил Мусаев – Магомед Умалатов – ТКО (тупаници), Р3 (1:44)
Гаџи Рабаданов – Брент Примус – КО (удари), Р3 (2:31)
Денис Голцов – Олег Попов – завршница (задушување со триаголник), Р1 (2:55)
Воведни борби:
Абдула Ал Кахтани – Мараун Белагуит – ТКО (удари), Р1 (3:21)
Омар Ел Дафрави – Мохамад Алакраа – ТКО (удари), Р2 (0:57)
Хатан Алсаиф – Лилја Османи – ТКО (колена во телото), Р2 (1:37)
Али Талеб – Рашид Ел Хазуме – КО (удар), Р1 (1:25)
Мохсен Мохамадсеифи – Жорж Еид – едногласна одлука (50–45, 50–45, 49–46)
Мансур Барнауи – Алфи Дејвис – завршница (задушување од позади), Р3 (3:41)
Слим Трабелси – Абрахам Баби – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Габриел Алвеш Брага – Џереми Кенеди – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Асаел Адјудј – Хозе Перез – завршница (гушење со гилотина), Р3 (1:10)
Костело ван Стенис – Жоао Витор Дантас – КО (удар со глава), Р1 (0:48).