Во чест на „Големиот победник“ Симон Антиќ прием во АСМ

Simon bosko i spaseski vo ASM

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Сапасески го удостои овогодинешниот „Голем победник“ на светската Карате 1 Премиер лига во категорија -84 кг, Симон Антиќ, член на Карате клубот „Макпетрол“.

Антиќ ова признание го доби на последниот турнир на Премиер лигата во Окинава, Јапонија, Симон Антиќ со учество на турнирите во Париз, Ротердам, Истанбул, Хамбург, Салзбург и последниот во Окинава со бодовното салдо кое го собра го освои првото место во категоријата -84 кг и од страна на првите луѓе на Светската карате федерација беше прогласен за „Голем победник“.
Бошко Заборски тренерот на „Макпетрол“ истакна дека со освојувањето на овој трофеј, на најдобар можен начин се круниса 2015 година.

Antik i bosko vo ASM

„Добивме најголемо признание за сите наши учества и ангажмани во текот на годината кои вродија со плод. Томе Тодоровски, Наташа Стефановска, Симон Антиќ и Симона Заборска се македонските каратисти кои во текот на оваа година освојуваа медали на ова престижно натпреварување. Сакам да истакнам дека за КК Макпетрол од почетокот на формирањето на Светската лига до сега ова е вкупно трет трофеј со најголем сјај. Да потсетиме дека Наташа Илиевска во категоријата -55 кг и Жарко Арсовски во категоријата +84 кг претходно имаат вакви титули, сега и Симон Антиќ се придружува на македонските карате великани. Да се биде генерален победник во најелитното натпреварување со светски рејтинг, е најпосакуваното нешто на секој каратист. Со ова постигнување нашата држава Македонија и клубот „Макпетрол“ се става во редот на најуспешните држави кои учествуваат на ова елитно натпреварување во светската Карате 1 Премиер лига“, истакна Заборски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON