Во Бразил се одржа првиот ММА меч во инвалидски колички (ВИДЕО)

Двајца пара-спортисти се соочија еден со друг во првиот ММА меч во инвалидска количка. Борбата во кафез е остварување на сонот за пријателите Педро Коста и Џова Родригез.

Коста и Родригез одиграа три рунди од по три минути со удари по главата и телото. Педро Коста беше прогласен за победник со судиски одлука 2-1. Од видеото се гледа дека победникот е неважен за двајцата, кои со бескрајно задоволство го споделуваат овој заеднички момент.

Средбата беше во рамките на АБЦФ Фајтинг, а организаторот на синџирот во нивниот следен настан ќе има првенствен меч меѓу корисници на инвалидска количка. Целта е да се покаже дека секој има место во кафезот.

За средбата и за неговите идни планови пред се зборуваше самиот Педро Коста.

„Јас сум во инвалидска количка 14 години и никогаш не престанав да размислувам за овој тип на борба. Едноставно не тренирав доволно. Сега имам тренер за бокс и мај тај и ми помагаат да се подготвам. Доколку има уште вакви предизвици, ќе ги прифатиме“!

Тој истакна подготвеност да му напише на Дана Вајт и УФЦ.

„Размислувам да испратам писмо до УФЦ и Дана бидејќи мислам дека многу луѓе ќе бидат заинтересирани за вакви борби. Тоа не беше најубав меч, но беше прв од ваков вид“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON