На 25 мај во Битола во Спортскиот центар за боречки вештини Пелистер се одржа церемонија за свечено доделување на мајсторски појаси -степени.
Имено, со одлука на Американската џудо ранг асоцијација од Њујорк, САД, во повисоки мајсторски степени – појаси беа промовирани:
Ѓуро Илиќ 7 дан
Ѓорѓи Чатлески 7 дан
Марјан Димески 5 дан
„Овластен за доделувањето на овие дан појаси-степени беше Марјан Димески долгогодишен џудист, моментално активен џудо ветеран во Прилеп и Америка, со посебно писмено овластување од страна на асоцијацијата.
Во рамките на соработката на Американска џудо ранг асоцијација со Дан комисијата при Џудо федерацијата на Македонија во втората половина од 2022 година е најавена работна посета од нивна страна во нашата држава со една цел – унапредување на македонското џудо во делот од стручното оспособување за повисоки дан -степени појаси“, велат од Дан комисијата.