Во Битола се одржа едукативен тренинг за џудо ветераните (ФОТО)

Вчера во Битола се одржа едукативен тренинг за џудо ветераните, односно тренерите во Македонија, а сето тоа беше во заедничка организација на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) предводена од претседателот на Дан комисијата Ѓуро Илиќ (6 ДАН) и селекцијата на ветерани при ЏФМ предводена од селекторот Киро Здравески.

„На истиот претставниците на Дан комисијата одржаа едукативна презентација на техниките содржани во програмата за полагање за мајсторски (ДАН појаси). Претставниците од ветераните презентираа свои видувања и начини на изведување на некои џудо техники“, вели Илиќ и додава:

„Оваа соработка има интенции да продолжи и во иднина по другите џудо центри, со единствена цел анимирање и вклучување на се повеќе џудисти и симпатизери на џудо спортот, чиј што развој бележи нагорна линија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON