Во Битола ќе се гради „Куќа на боксот“ со модерен простор за тренинг

Во 2025 година во Битола ќе се гради „Куќа на боксот“ откако државата и општината потврдија тоа.

Тоа ќе биде место за тренинг и подготовка на битолските и македонските боксери и ќе биде изграден на просторот на стариот боксерски клуб, веднаш до стадионот „Петар Милошевски“.

БК Пелистерски јунак е сениорски првак на Македонија, а во младинска конкуренција ја понесе вицешампионската титула. На неодамна завршеното Државно првенство во поединечна конкуренција во Битола, боксерите на овој клуб освоија девет медали, од кои пет златни.

Посебно се истакнува семејството Рустемовски со пет медали. Најдобрите од нив се балканските шампиони Ален и Ружди Рустемовски. Најголеми заслуги за развојот на клубот има Јове Петровски, под чија палка овие млади момци секојдневно работат во далеку од идеални услови. Наскоро тие ќе добијат модерен тренинг простор и клупски простории.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО