Вчера во Битола се одржа полагање за 1 кју (кафен) и за црни појаси од 1-5 дан. На испитот за полагање се пријавија вкупно 19 кандидати кои успешно го положија испитот за соодветниот појас.
Полагањето беше во организација на ЏФСМ и техничка организација на ЏК Пелистер, а спроведено од страна на трочлената Дан комисија во состав: Ѓуро Илиќ 6 дан, Дејан Мицкоски 4 дан и Драган Шеќероски 4 дан.
По полагањето, од страна на Комисијата беа одликувани -промовирани во повисоки дан- појаси уште неколку стручни кадри, заради покажани поголеми резултати и успеси во работењето со своите клубови, а, исто така, се нострифицирани уште неколку дипломи за положен испит за соодветен појас во странство.
Полагањето онлајн го следеше и претседателот на Дан колегиумот во Србија, Славко Обадов 9 дан, кој на крајот се обрати пред присутните и ја поздрави работата на комисијата, која во последниот период е подигната на повисоко ниво и македонското џудо се движи во сигурен правец во делот од стручното оспособување на своите кадри.