Внукот на Мухамед Али ќе се бори со поранешен ММА борец

Потомокот  на легендарниот шампион во тешка категорија Мухамед Али – Нико Али Волш, на крајот на јануари по 4-ти пат ќе влезе во професионалниот ринг.

21-годишниот Американец, кој има три победи во првите три меча, ќе се бори на 29 јануари во еден од подготвителните натпревари на гала вечерта во Тулса, САД.

Противник на Волш ќе биде неговиот сонародник Џеремаја Јегер, кој има една победа, едно реми и еден пораз во профи рингот. Натпреварот ќе има максимално времетраење од 4 рунди по 3 минути.

31-годишниот Јегер е поранешен ММА борец со скор од 5 победи и 10 порази во кафезот, а неговата кариера во мешаните боречки вештини беше главно во организации на ниско ниво пред да ги смени ракавиците минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON