Внукот на Али и синот на Ивандер ќе ја загреваат Херинг – Стивенсон

Претставниците на легендарните семејства ќе имаат можност да ја загреат битката меѓу Џамел Херинг и Шакур Стивенсон. Тие ќе се сретнат на 23 октомври во Атланта во меч за светската титула на ВБО во супер перо категорија.

Пред главната борба љубителите на боксот ќе можат да го видат внукот на Мухамед Али – Нико Али Волш, како и синот на Ивандер Холифилд – Еван. Тие ќе учествуваат во прелиминарните борби на гала вечерта.

Нико Али Волш ќе го одржи вториот меч во професионалната кариера. Тој треба да боксира во средна категоријата, но неговиот противник се уште не е објавен. На 14 август, внукот на Мухамед Али го нокаутира Џордан Викс.

Еван Холифилд е во серија од 7 последователни победи. Синот на поранешниот светски шампион во тешка категорија боксира во „супер средна категорија“, што значи дека еден ден тие двајца може да се сретнат во епски дуел на генерации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON