Владимир Путин го покани Хабиб Нурмагомедов во Кремаљ

Претседателот на Руската федерација Владимир Путин го покани Хабиб Нурмагомедов на средба во Кремаљ.

Веста ја пренесе Брет Окамото, кој разговараше со Ризван Магомедов. Во нивниот разговор, Магомедов, кој е еден од менаџерите на Хабиб, му рече на Окамото дека Путин и Нурмагомедов разговарале по телефон, по што следела покана.

Денес, Хабиб се враќа во Дагестан, каде се очекува да биде пречекан како херој. Минатиот викенд, Орелот влезе во кафезот за последен пат во кариерата, како што изјави тој, и го победи Џастин Гејџи. Така, со оваа победа, Нурмагомедов ја зголеми серијата на 29-0 и објави дека се повлекува од ММА. Во последните неколку години, Хабиб се здоби со голема слава.

Непоразениот шампион е финансиски осигурен доживотно и веројатно ќе ги следи стапките на покојниот татко и ќе ги едуцира новите генерации. Пред две години, Нурмагомедов и татко му се сретнаа со Путин, кој им ја честиташе победата над Конор Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON