Владимир Кличко загрижен за иднината на олимпискиот бокс

Поранешниот шампион во тешка категорија на ВБО, ВБА, ИБО и ИБФ. Владимир Кличко, изрази загриженост во врска со неизвесната иднина на олимпискиот бокс.

Бокс е дел од Игрите уште од 1920 година, но не е сигурно дали ќе биде вклучен на овие во 2020-та, кои ќе се одржат во Токио.

Кличко кој освои злато во 96-тата, ја поддржа ВБА и изрази загриженост, со чувствуво за аматерите со олимписки соништа.

„За прв пат во боксот е на пат да му се случи најлошото. Треба да се обединиме и заедно да ги заштитиме амбициите и соништата на младите спортисти кои сакаат да учествуваат на претсојните Олимписки игри“.

„Навлегуваат демолирачки промени и бокс е во опасност – можно е да се изгубат лиценци и боксот да не биде вклучен на претстојните Игри“.

„Ги повикувам федерациите да продолжат да работат со ВБА“.

„Исто така сакам ИОК/IOC да ја прифатат ВБА како организација која ќе го централизира спортот додека продолжува да го поддржува и ги штити интересите на спортистите и навивачите. Сакам да и дадат олимписки лиценца на ВБА, за да може организацијата да го претставува спортот на претстојните игри во Токио“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON