Владимир Кличко: Вајлдер е една од моите цели!

Klicko i grupa

Светскиот шампион во супертешка категорија на ИБФ,ВБА, ВБО и ИБО, Владимир Кличко, уште еднаш ја потврди својата желба да одржи обединувачка борба со шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.

 „Вајлдер несомнено е една од главните мои цели, бидејќи тој го поседува појасот, кој никогаш не сум ја освоил. Секако, сакам да станам носител на сите шампионски титули, иако за мене тоа не е витална нужност. Дури и да не успееме да се договориме за средба, јас и онака ќе си останам светски шампион во супертешка категорија. Но, изгледите да се обединат сите титули безусловно ме привлекува“, изјави Владимир Кличко.

Како што е познато, во неделата Дионтеј Вајлдер ја одбрани титулата откако го нокаутира Ерик Молина на галавечерта во Бирмингем (САД). Мечот заврши во 9 -тата рунда, бидејќи пред тоа Молина на три пати беше во нокдаун. Вајлдер има феноменални 34 победи од 34 натпревари, а 33 од нив се со нокаут. Се очекува следниот ривал на Американецот да биде Александар Поветкин ( Русија ), кој е официјален кандидат за појасот на Светскиот боксерски совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON