Владимир Кличко: Тајсон Фјури е лицемер

Легендарниот поранешен боксерски шампион Владимир Кличко е незадоволен од критиките кои Тајсон Фјури ги упати кон Александар Усик. Фјури неодамна изјави дека Усик е мал стероидen човек кој ја презел титулата Ентони Џошуа.

Џипси kинг се закани дека ќе ги врати титулите во Велика Британија. Тајсон е шампион на ВБЦ во тешка категорија и се очекува во март да ја брани титулата.

Очигледно на Кличко не му се допаднаа критиките на Фјури. Владимир потсети дека Фјури имаше позитивен тест на забранети супстанции пред нивната борба и не треба да го критикува Усик.

Фјури и Кличко се бореа во 2015 година, а Тајсон го симна Кличко од тронот и ги освои титулите во тешка категорија во ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО.

„Тајсон Фјури, имаш и маани и не треба да ги критикуваш другите. Непосредно пред нашата борба, ти всушност бевше позитивен на допоинг тестот.

Секој може да го провери тоа на Гугл. Биди кул. Усик ќе биде шампион, а ти си лицемер“, напиша Кличко за Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON