Владимир Кличко со остри критики кон Ломаченко

Поранешниот светски шампион во бокс Владимир Кличко му честиташе, но и го критикуваше Васили Ломаченко за победата над Ричард Коми.

Поранешниот боксер во тешка категорија им се придружи на незадоволните од потегот на Ломаченко – да ја прослави победата во недела наутро без украинското знаме. Наместо тоа, Васили го развеа знамето на неговиот роден град Белгород-Днестар (регионот Одеса).

„Патриотизмот или националната гордост е чувство на љубов, посветеност и наклонетост кон татковината. Ова чувство е заедничко единство на народот. Васили Ломаченко победи, честитки, но дали ја претставуваше земјата кога не го вееше знамето на Украина?“, коментира Кличко.

Поранешниот шампион во лесна категорија со победата над Коми обезбеди нова пресметка за појасите, се очекува да преговара за борба со Џорџ Камбосос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON