Украинскиот боксер Владимир Кличко има намера да ја продолжи кариерата. Ова го соопшти неговиот менаџер Тим Лофлер.
48-годишниот Кличко во легендарната кариера има 64 победи (53 со нокаут) и 5 порази. Се пензионираше во 2017 година по поразот од Британецот Ентони Џошуа. Кличко е поранешен светски шампион во тешка категорија на Светската боксерска организација (ВБО), Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), Светската боксерска асоцијација (ВБА).
Имаше повеќе светски титули во тешка категорија меѓу 2000 и и 2015 година, вклучувајќи унифицирани наслови меѓу 2008 година и 2015 година. Во тоа време, тој ги држеше и титулите на Меѓународната боксерска организација (ИБО) и списанието Ринг. На крајот на март Владимир ќе наполни 49 години, но тоа не го спречува да се врати за да го собори рекордот на Џорџ Форман.
„Владимир рече дека ќе се бори за титулата за да го собори рекордот на Џорџ Форман. Да видиме, во март ќе наполни 49 години. Па, Владимир го може тоа, тој е во одлична форма. Нема да зборувам во негово име. Нема да се бори со Александар Усик. Владимир сакаше да се бори со Тајсон Фјури, но очигледно си зема нова пауза“, рече Лофлер.
Со 46 години и 169 дена Форман стана најстариот светски шампион во тешка категорија во историјата.
View this post on Instagram