Владимир Кличко од разурнатиот Киев: Сонот на Путин е кошмар за мојата земја (ВИДЕО)

Владимир Кличко, поранешен светски шампион во бокс во тешка категорија и олимписки златен медалист за Украина на Игрите во Атланта во 1996 година, уште еднаш го повика светот да помогне да се стави крај на војната меѓу неговата земја и Русија.

„Сонот на Путин за создавање Голема Русија е кошмарот на мојата земја“, напиша Кличко, помладиот од големите браќа, во видеото во кое боксерот ги покажува „раните“ од воената состојба во Киев.

Еден од првите кои му дадоа поддршка беше неговиот голем противнк во рингот – Шенон Бригс. „Те сакаме шампионе. Остани силен. Внимавајте“, напиша Американецот во коментар на видеото.

Малку подоцна Владимир Кличко прикачи ново видео од уништениот Киев.

„Од дното на нашите срца и од срцето на Европа: потребна ни е ВАШАТА поддршка“, напиша тој во објавата, повторно повикувајќи на поддршка за завршување на војната.

Неодамна стана јасно дека две од големите легенди на светскиот бокс од блиското минато – браќата Витали и Владимир Кличко – се најдоа на списокот за атентати. Актуелниот градоначалник на Киев и неговиот помлад брат ѝ се придружија на украинската армија во обид да помогнат да се спречи руската инвазија на земјата.

Според британски „Тајмс“, тоа ги направило примарна цел за атентат на тајна листа на рускиот претседател Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON