Менаџерот на Владимир Кличко, Бернд Боенте, потврди дека Украинецот нема намера да стави крај на кариерата во блиска иднина, иако веќе е напредна возраст.
Пред Украинецот е реваншот со Тајсон фјури против кого ги загуби светските титули, а нивната средба е закажана за 29 октомври во Манчестер.
Иако е веќе на 40 години, Кличко смета дека се уште не е дојден моментот кога треба да стави крај на кариерата.
„Не правиме планови што ќе се случи по овој меч. Владимир сигурно ќе боксира и следната година, но немаме планови за противници или нешто слично. Сто проценто сме фокусирани на Тајсон фјури и тоа е. Дефинитивно тоа нема да му биде последен дуел“.
Минатата година Владимир потпиша договор за уште пет средби со германската телевизија РТЛ, но Боенте посочи дека неговата иднина не зависи од тоа.
„И покрај ТВ трансакцијата, тој не е принуден да ги одржи сите мечеви. Тој ќе боксира дотогаш до кога може да се претставува во добро издание. Дефинитивно тоа нема да се пет години. Но, на него му се допаѓа да боксира и додека неговото здравје е добро, сè е во ред“.