Владимир Кличко: Како мал го изедов писмото до Дедо Мраз!

klicko-portret

Владимир Кличко се наврати на спомените за Божиќ како дете во СССР. Боксерот призна дека пишувал писмо до Дедо Мраз, но не му познато зошто го изел.

„Во комунизмот немаше религија. Како што пишува Карл Маркс – тоа е опиум за народот. Во тоа време Ленин беше Господ, а Комунистичката партија беше верата. Се сеќавам дека кога правевме бељи, мораше да си ги признаеме пред портретот на Ленин, кој висеше насекаде. Но вистинската вера е многу важна. Таа ти дава поддршка. Ти овозможува да го разликуваш доброто од злото. Тоа е она што ги парви луѓето да не бидат животни“, раскажа Кличко за Абендцајтунг.

Тој се наврати и на спомените од детството за Божиќ.

„Како што реков, класичен Дедо Мраз не постоеше кога бев мал. Но имаше Дедо Мраз. Никогаш не сум го видел, но секогаш носеше подароци. Се сеќавам дека си ги пишував желбите на лист хартија. Потоа го свиткав и го изедов. Деца, ве молам, не правете такво нешто, не е здраво. Но речиси секогаш го добивав она што го сакав. Никогаш нема да заборавам еден велосипед. Уште го правам тоа, само што не ја јадам белешката. Но, секоја година седам и си поставувам цели. Повеќето ги исполнувам“, додаде Кличко.

Го коментираше и мечот со Ентони Џошуа, а кој ќе се одржи на 29 април на „Вембли“.

„Ова е најголемиот, најдобар подарок. Средбата е за три титули (појасите на IBF, WBA и IBO), на легендарниот стадион „Вембли“. Мотивиран сум. Чекав повеќе од една година за да имам реванш со Тајсон Фјури, мораше да се подготвувам на два пати, но мечот пропадна. Но, оваа средба е подобра. Поголем, поголем стадион. Чекањето вредеше. Тоа е натпреварот кој сите го чекаа. Не со Дионтеј Вајлдер, не со Џозеф Паркер. Дури не со и Тајсон Фјури. Никој не може да го привлече вниманието на луѓето како Џошуа. Се радувам што ќе имам шанса да учествувам во таков меч. Ќе беше лошо последното нешто што го виделе луѓето од мене да е поразот од Фјури“, рече Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON