Со години се зборуваше за боксерска пресметка меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, но нивната „Битка за Британија“ никогаш не се случи.
И двајцата знаат со кого се борат во следниот меч, Еј ЏЕЈ во септември боксира против Даниел Дубоа за титулата на ИБФ, а Кралот на Ромите во декември во реваншот со Александар Усик за ВБА (Супер), ВБО и појасот на ВБЦ.
Ако победат Џошуа и Фјури, можно е да го гледаме и нивниот дуел, но дали тоа ќе се случи ќе покаже времето.
А поранешниот украински боксер и светски шампион Владимир Кличко го делеше рингот со двајцата, а за потенцијалниот дуел му дава предноста на Џошуа.
„Омилен ми е Џошуа. Тој е комплетен борец, тој има сè – техника, големина, сила и е способен да го стори тоа. А Фјури е испукан. Во еден момент е тука, во друг го нема. Во историјата имало многу такви боксери“, рече Владимир Кличко, додавајќи:
„Таквите боксери можат да бидат успешни за некое време, но не се доволно дисциплинирани за да продолжат … На Тајсон му сакам се најдобро, но му недостасува дисциплина, што е поважно од мотивацијата. Од искуство, можам да кажам дека недостатокот на дисциплина му ја отежнува работата“.