Поранешниот шампион во тешка категорија Владимир Кличко изјави дека според него, новиот светски шампион Ентони Џошуа може да ги обедини сите титули во категоријата.
Украинецот немаше конкуренција речиси 10 години, но никогаш не стана апсолутен светски шампион, бидејќи појаси држеше и неговиот брат Виталиј, а двајцата никогаш не се сретнаа еден против друг.
Самиот Еј Џеј исто така најави амбиција да стане првиот апсолутен светски шампион од Ленокс Луис па наваму, а за таа цел ќе мора да ги победи шампионите на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) Дионтеј Вајлдер и на Светската боксерска организација (ВБО) Џозеф Паркер.