Вечерва Општина Штип му приреди свечен прече на европскиот шампион во борење Владимир Егоров кој на Европското првенство во Будимпешта-Унгарија, го освои златниот медал во категоријата до 57 килограми.
„Штип е единствениот град во Република Македонија којшто оваа година има вакви големи успеси и јас верувам дека овие успеси ќе продолжат и понатаму“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
Општина Штип на Егоров му додели ваучер од 30.000 денари.