Владимир Егоров ќе настапи на Изборното првенство во У-23 во Радовиш

На Изборното првенство во У-23 утре во Радовиш ќе настапи и Владимир  Егоров, борачот на Балканец кој минатиот викенд со Могамедгаџи Нуров настапи на турнир во Украина.

На Изборните првенства за пионери и за борачи до 23 години се очекува да учествуваат над 100 борачи од повеќе клубови во Макeдонија.
Најсериозни кандидати за првите места во пионерска конкуренција се борачите кои се вратија со медали при крајот на ланската година од Балканското првенство за пионери во Словенија. Пионерите од Македонија беа шампиони на Балканот, а неколку освоија и медали во поединечна конкуренција.
Во Радовиш ќе се натперваруваат и борачите до 23 години. Најдобрите ќе земат учество на ЕП за млади.

Ipon.mk/К.М.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON