Владимир Димитриевиќ е нашиот херој од Европско таеквондо ИТФ првенство во Талин, Естонија, освојувајќи бронзен медал во борби.
Ова е шесто последователно Европско првенство од кое МТТФ се враќа со медал, Владимир Димитиревиќ е нашиот херој.
Од МТТФ велат дека ова е најтешко заработен медал на ЕП.
„Конкуренцијата беше преголема, доминираа големите репрезентации , а покрај тоа, доминараше и пристрасноста на судиите која беше во корист на големите репрезентации. Ова беше најтешкото и најдраматично Европско првенство на кое имаме учествувано досега, бидејќи уште на стартот бевме оштетени со жрепките, без право на приговор и корекција“, вели претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски и додаде:
„Владимир Димитиревиќ еден од нашите најдобри репрезентативци и е херојот на нашата Федерација, кој се закити со бронзен медал во спаринг борби, јуниори 16-17 години, -75 кг, која е една од најтешките категории. Поради оправдани причини организацијата на Европското првенство малку се одолговлечи, со што нашите натпреварувачи мораа да ги одработат своите борби покасно. Тројцата јуниори 16-17 години, требаше да ги одработат бробите во саботата на 3 мај, додека полуфинални и финални борби требаше на 4 мај. Владимир ја имаше таа среќа, неговата категорија не успеа да заврши навремено во планираниот рок, па четвртфиналната борба се одложи за утрото на 4 мај. Претходно славеше над претставникот од Италија. Утрото на 4 мај неговата борба за медал почна во 09:35 часот, против чешкиот рапрезентативец, Владимир беше мотивиран и подготвен за освојување на медал по секоја цена, при што не му дозволи на Чехот да преземе иницијатива, домирајќи цело време на борилиштето, но на крајот од борбата пристрасноста на судиите ја изедначи, па мораше и трета рунда. Од старт Владимир презеде иницијатива со што не им остави прсотор на судиите да можат да го оштетат и најзаслужено победи за бронзен медал. За жал поради авионскиот лет, мораше службено да ја предадеме полуфиналната борба за да стигнеме на аеродром, па моравме да се задоволиме само со бронзен медал, не знаејќи дали Владимир Димитриевиќ ќе беше прв или втор во неговата категорија. Ова е негов прв медал до Европско првенство што значи неговиот квалитет оди во нагорна лиинија, и се надеваме дека ќе не радува со уште поголеми успеси во иднина“.
Лазаревски вели дека Владимир Димитриевиќ навистина се истакнува со својот успех.
„Овој успех е голем подвиг, не само за него, туку и за цела Македонија, бидејќи покажува како посветеноста, напорната работа и вештините можат да доведат до сјајни резултати на меѓународна сцена. Освојувањето медал на вакво натпреварување во едно толку конкурентно поле е одличен показател за неговиот талент и упорност. Такви херојски моменти ја потврдуваат неговата посветеност на спортот и мотивацијата која ја пренесува на други да се стремат кон врвот“, вели Лазаревски.
„Давид Крстески кој еден од нашите најдобри натпреварувачи, во спаринг борби, јуниори 16-17 год. – 63 кг. Во неговата категорија ги победи атрактивно претставниците на на Англија и Бугарија, но во четвртфиналната борба против противникот на Украина беше поразен од страна на судиите, а иста судбина ја имаше и Христијана Парулеска претходно победувајќи ја претставничката на Германија, но во четврфинале, исто како и Давид беше поразена од судиите во корист на Украина. Со нив и Миа Танеска, нашата дебитантка ја имаше истата судбина против Украина. Марио Крстески имаше извонредна прва рунда против поранешен евроспки шампион, но поради повреда во втората рунда, не можеше да продолжи со натпреварување. Божидар Димитриевиќ во сениори во категорија -92 кг, имаше одлични борби против натпреварувачите од Грција и Бугарија, додека против неколкукратниот светски и европски шампион од Украина, Дмитро Пилинкевич, беше немоќен, со што како релативно млад во сенироската категорија, покажа дека е оправдано неговото место во репрезентацијата.
Како мала репрезентација, сепак сум презадоволен од настапот на нашите репрезентатвици, ова е шестто последователно Европско првенство на МТТФ каде континуирано се враќаме со медал, што не прави една од поуспешните федерации“, изјави Марјанчо Лазаревски претседател и национален тренер на МТТФ.