Поранешниот шампион на УФЦ и повеќекратен претендент за титулата, Витор „Д Феном“ Белфорт, се надева на нова шанса за да ја освои титулата. Последен пат го видовме против Крис Вајдман за време на УФЦ 187, каде што загуби со технички нокаут уште во првата рунда.
Неколку месеци подоцна, откако си дојде при себе по поразот, Бразилецот сака да се фокусира на она што го прави најдобро – да се бори за титулата.
Белфорт со 38 години се уште верува дека може да ја освои така посакуваната титула:
„Сакам наскоро повторно да се борам. Јас сум борец. Сакам да го направам она што најдобро го правам – да победувам во октагонот.
Чекам од УФЦ да ми закажат меч, за жал, нема скратен пат до титулата – повторно ќе го почнам походот за неа. Можеби ќе го направам последниот обид за да ја освојам титулата во оваа категорија, а потоа ќе видиме.
Може да се струполам до полусредна? Кој знае .. (Се смее)… Се разбира, само се шегувам“.