Витор Белфорт вели дека едвај чека да го направи дебито во новата организација. Тој се приклучи на ОНЕ шампионатот во март минатата година и сè уште не им се придружил. Белфорт има скод 26-14-1 во ММА и 21 од победите се со завршница. Во последната борба во мај 2018 година загуби со нокаут од Лиото Мачида.
Се знае и противникот, тоа е поранешниот шампион во кик бокс, Алеин Нгалани. „Феномот“ изгледа фит и сигурен, иако има 43 години. Витор вети дека ќе го шокира светот на датумот за дебито.
„Планирам да направам нешто за да го шокирам светот. Мислев на нешто и ако го сторам тоа, ќе ве шокира. Мислам дека ММА треба да се развива. Гледам дека само луѓе на ОНЕ прават нешто поразлично. Наумив нешто што е неверојатно и кога ќе стане реалност ќе ја промени борбата. Не бев баш среќен во последните борби и верувам дека најлошото нешто за некого е да не биде среќен.
Бразил е земјата од каде започна спортот. ОНЕ ќе дојдат на пазарот во Бразил. Имаме 100 милиони радикални приврзаници на спортот и доаѓањето во ОНЕ во Бразил ќе биде неверојатно. Со нетрпение очекувам да бидам во акција за вас и да ви дадам нешто што навистина ќе ја измести индустријата за мешани боречки вештини. Нема подобро место на кое треба да бидете – ОНЕ Шампионатот“, изјави Белфорт.