По поразот на Келвин Гастелум, кој му беше четврти во последните пет борби, Витор Белфорт побара од УФЦ да му даде проштален меч во Рио де Жанеиро.
40-годишниот Бразилец на 3 јуни на УФЦ 212 се бори против поранешниот шампион на Страјкфорс и Пакрасе, Нејт Маркард. Но, според неговите зборови, борбата во Рио нема да биде крај на неговиот боречка пат.
„Ќе го напуштам УФЦ, но ќе продолжам да се борам. Борбата е мојата страст. Жално е што ММА се уште не стана сериозен спорт. Можеби можам да помогнам тоа да се промени“, рече Феном.
Белфорт 1997 година го освои турнирот на УФЦ во тешка категорија, а во 2004 година стана првак во полутешка категорија и три пати се бореше за појасот на УФЦ.
Последната победа ја постигната во ноември 2015 против Дан Хендерсон.
Незадоволен е од новата генерација на борци.
„Денес, борец повеќе е уметник отколку спортист. УФЦ е шоу, не е спорт. Жално е што новите борци играат на она што е популарно во моментот или копнеат да бидат во центарот на вниманието како Конор Мек Грегор. Нивната мотивација е да се има, не да се биде“.