Виталиј Кличко одблизу го гледаше поразот на неговиот брат Владимир од Тајсон Фјури за светските титули во тешка категорија. Бато не престана да дава охрабрувачки совети за време на 12-те рунди на Есприт арена во Дизелдорф.
„Фјури беше подобар. Ќе го анализира мечот, но Владимир ќе се врати уште посилен. Премногу чекаше. Треба да си активен, да ризикуваш повеќе во борба од блиска дистанца. Тајсон е само добар боксер. Има нерационален стил, а Владимир не си напиша домашната задача“, рече Виталиј.
Во договорот за средбата има задолжителна клаузула за реванш. Се очекува двајцата боксери повторно да се сретнат во 2016 година.
https://youtu.be/No06vq0Kjss