Поранешниот светски шампион во ВБО и ВБЦ верзиите, Виталиј Кличко даде на знаеење дека сака да се врати во рингот, за да го победи Ентони Џошуа кој го нокаутира неговиот брат Владимир. Џошуа триумфираше на 29 април со технички нокаут во 11-тата рунда и ги освои титулите на ИБФ, ВБА и ИБО.
„Средбата беше со исклучителна борба. Се чувствувам малку виновен затоа што му реков на Владимир да не биде толку активен во шестата рунда кога го испрати Џошуа на подот. Бев изненаден што тој се врати толку брзо и успеа да го победи Владимир. Ако не му речев на Владимир да престане, тој ќе го добиеше во шестата, можеби во седмата рунда“, изјави Виталиј Кличко за ТВ Фајт хаб.
„Еднаш изгубив од Крис Бирд. Владимир се врати и го скрши Крис Бирд. Тогаш Владимир загуби од Кори Сандерс, го средив Сандерс во следната битка. Чувствувам дека можам да се претставам подобро од брат ми, треба да се борам со Џошуа и да се вратат шампионските појаси во семејството“, додаде Виталиј.
Последниот официјален меч на Виталиј Кличко беше на 8 септември 2012 во Москва против Мануел Чар.