Витали Минаков верува дека УФЦ сакале Хабиб Нурмагомедов да стане нивна златна гуска (по наше златна кокошка-н.з.), но тие удриле на финта.
Дајна Вајт пред неколку дена ги избра најдобрите 5 борци во историјата на УФЦ. На изненадување на сите, Хабиб не најде место меѓу нив. Поранешниот шампион во тешка категорија на Белатор не е среќен поради ова и смета дека алчноста на Вајт го натера да го запостави Нурмагомедов.
Минаков изјави дека Хабиб ја заслужил сечија почит со својата одлука да се пензионира.
„Хабиб го зеде и го одбрани појасот. Беше на врвот на својата слава. Вајт создава шампиони за себе си, а потоа ги амортизира додека не сфати дека е соодветно да отпушти некого.
Нурмагомедов, пак, ги промени правилата на игра на Вајт и го направи она што му требаше на спортистот.
Во времето кога Вајт го сметаше Хабиб за „златна гуска“ која може да снесе златни јајца, Хабиб едноставно рече: „Асаламу Алаикум“ и правеше што му одговара. Така Хабиб ја освои почитта од мноштвото.
Хабиб треба да биде меѓу најголемите според спортските принципи и јавното признание. Затоа, мислам дека сето тоа е исклучително лично поврзано со Дана Вајт и неговата алчност“, изјави Минаков за РБЦ-Спорт.
Хабиб е член на Куќата на славните на УФЦ, но Дана не го стави во топ 5 на најголемите во УФЦ.