Витакер по победата: Подготвен сум за шампионска борба!

Австралиецот Роберт Витакер објави дека е подготвен за шампионска битка, откако го победи Англичанецот Дарен Тил во Абу Даби.

Поранешниот шампион na УФЦ во средна категорија беше испратен на подиумот по тешкиот удар со лактот во првата рунда, но зададе повеќе удари во преостанатите рунди.

Тој беше особено силен со своите ножни удари и покажа доста добри вештини во соборувањата.

Сите тројца судии му дадоа победа на Витакер со 48-47, во првиот меч откако ја загуби титулата во октомври од Израел Адесања.

„Јас сум на шампионско ниво. Подготвен сум за шампионската битка уште сега”, рече Витакер по победата.

Сепак, Адесања мора да ја одбрани титулата против Пауло Коста во Лас Вегас во септември.

Витакер мора да се опорави од битката со Тил, бидејќи не беше лесна.

„Беше оспоруван довобој. Мислам дека рушењето во голема мерка го одреди крајниот резултат“, рече Витакер.

„Беше одличен меч. Стресен двобој. Тоа беше најехничкиот удирачки меч што сум го имал досега. Беше како игра на шах.

Бев малку колеблив во првата рунда и тој ме натера да платам за тоа. Но, закрепнав и знаев дека морам малку да ги сменам работите.

Ме шокираше. Ме удри по задникот со еден од неговите удари. Се случува. Ме чекаше да го нападнам, јас чекав тој да ме нападне.

И двајцата чекавме да контранапад, да ги видиме дупките во борбата на другиот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON