Високите претставници на европскиот бокс имаа средба со претседателот Стево Пендаровски

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, имаше средба со високи претставници на европскиот бокс, вклучувајќи го претседателот на Европската федерација за бокс, д-р Јоанис Филипатос, европскиот комесар, Сима Виорел Родбун, како и раководството на Националната боксерска федерација на Македонија, претседателот Фатон Салиху и потпретседателот Примислав Димовски.

На оваа средба, претставниците на Европската боксерска конфедерација (ЕУБЦ) и претседателот на Националната боксерска федерација (НБФ) ја искажаа посветеноста и поддршка кон боксот во Македонија. Исто така, постигнати се и договори за организација на Балканскиот шампионат во Македонија и едно од европските првенства.

„Оваа средба претставува значаен чекор кон подобрување и продвижување на боксот и спортот во нашата земја. Изразуваме надеж и очекување дека овие средби и посветеноста на претставниците на ЕУБЦ ќе придонесат кон напредок и развој на боксот во Македонија“, велат од НБФ.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON