Вирџил Ортиз Јуниор (21-0) треба да се соочи со Серхи Бохачук (24-1) за преодната титула на ВБЦ во супер велтер категорија на 10 август. За во иднина, сепак, би сакал повторно да се сретне со Рајан Гарсија (24-1) со кого има историја од аматерските години, дознава Фајт хаб ТВ.
„Можеме да го сториме тоа. Тоа нема да биде наскоро затоа што тој е казнет. Но, тоа не е ни на мојата агенда во моментов. Не знам што да очекувам од него, навистина. Имам намера да се фокусирам 100% на натпреварот што следи. Има и други борци кои чекаат на ред, ако работите се одвиваат според планот. Ќе се фокусирам на себе и повеќе нема да размислувам да го правам тоа за други луѓе“, рече Ортиз.
„Кралот Ри“ моментално отслужува едногодишна суспензија поради употреба на забранети супстанци. И самиот признава дека се лекува од зависности.
26-годишниот Ортиз Јуниор изгледа многу понасочен. Доколку успее против Украинецот за еден месец, тој и официјално ќе стане задолжителен предизвикувач за светските титули во ВБЦ и ВБА.