Виктор Нестороски викендов (17 мај) ќе учествува на ММА турнирот „Никшиќ фајтинг чемпиошип“ во Црна Гора. Виктор е од клубот Максам фајт од Прилеп и ќе настапи во категоријата до 70 кг и ќе се бори против домашниот натпреварувач Андрија Спасојевиќ .
Ова е втора ММА борба за Нестороски, а воедно, е прва борба што ќе се бори во кафез. Инаку Виктор Нестороски на последниот турнир во ММА во Бања Лука, Република Српска во Босна и Херцеговина издвојува победа.
Покрај Нестороски, од Македонија ќе настапат уште Сетфановски и Ангелески.
На турнирот ќе настапат повеќе натпреварувачи од регионот.
ipon.mk/В.Д.