Утре во Штип се одржува Државното изборно првенство во борење за сениори и кадети на кое се очекува да настапат преку 150 борачи. Борбите ќе почнат во 11 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“.
„Се е подготвено за почетокот на Државното изборно превнство. За разлика од порано утре ќе биде на повисоко ниво, како во поразвиените земји, ќе има камери и видео монитори, ако има спорни ситуации веднаш да прегледува снимката и да се донесе одлука. Борбите ќе се одржуваат на два душека“, вели претседателот на Балканец Виктор Богданов.
Тој истакнува дека неговата екипа ќе настапи во најсилен состав со Владимир Егоров (го очекуваат денеска да стигне), Бобан Савев, Бобан Данов, Аце Арсов, Дејан Митров, односно со 20 сениори и 10 кадети.
Се очекува и Лирија да настапи со комплетен состав и засилувањата Могамегаџи Нуров, Халил Зубаиров, Столе Ефтимов и други, а пак Тефејуз смета на младите борачи и на некои повратници. Бучим ќе го предводи тешкашот Александар Стојанов. Ќе биде интересно ако Вардар настапи со засилувањата, како Далибор Богданов.
Токму Вардар го оспорува настапот на Егоров на Државното. Богданов вели дека се е чисто во преминот на Егоров во Балканец.
Ipon.mk