Реткост е да се види толку силен удар и таков брутален нокаут во мува категорија.
Страшен нокаут се случи на меч во мува категорија на Филипините, во градот Кезон Сити, во ММА промоцијата наречена Зеус комбат лига.
Кимберт Алинтозон го погоди Естрада Донг-ас со комбинација со два удари што го принуди да се повлече кон оградата на кафезот. За жал, повлекувањето на Донг-ас не вроди со плод бидејќи се најде директно на патот на силното лево кроше на Алинтозон која брутално го онесвести.
Начинот на кој падна Донг-ас изгледаше прилично застрашувачки, но грозоморната глетка не заврши тука. На видеото јасно се гледа како целоит негов долен дел од телото постојано се грчеше непријатно долго време. Очекувано, Донг-ас мораше да биде изваден од кафезот на носилки.
Ниси Икасијано, новинарот кој го објави видеото, подоцна сподели информации за здравјето на Донг-ас.
Estrada Donga-as was immediately taken to the hospital but managed to return before the event concluded. This journalist caught up with him in the dugout, where he shared that his CT scan and other test results were clear.@tiebreakertimes https://t.co/yQ24vKTS2d
— NISSI ICASIANO (@Nissi_Icasiano) October 27, 2024
„Донг-ас веднаш беше однесен во болница, но успеа да се врати пред крајот на настанот. Новинарот го пречека во соблекувалната каде што сподели дека неговата КТ скен и другите резултати од тестот се во ред“, напиша Икасијано на социјалната мрежа Х. (Твитер).
Да се надеваме дека Донг-ас ќе се опорави и нема да настапи повторно во ММА кафезот наскоро.