Марвин Ветори се справи со Кевин Холанд кој ја прифати битката на повик. Тие ја предводеа главната борба на УФЦ Вегас 23 што се одржа во Лас Вегас пред неколку минути. Нивната битка се водеше во средна категорија. Ветори требаше да се бори со Дарен Тил, но тој се повлече поради повреда.
Во битката, Холанд добро се снајде на почетокот и зададе добри удари и со раце и со нозе. Ветори се одаде на борба и го копираше она што Дерек Брансон го направи минатиот месец против Холанд.
Сепак, Ветори го стори тоа многу подобро. Тој направи 11 соборувања и доминираше во секоја рунда. Ветори му зададе добар удар на Кевин, правејќи му оток на окото кое го оневозможуваше добро да гледа.
Сепак, ова беше ирелевантно, бидејќи Холанд немаше одбрана од уривање и секој обид на Ветори беше успешен. Марвин доминираше на партер, а Холанд изгледаше беспомошен втор пат по ред. Мечот се одвиваше под диктат на Ветори и по 25 минути доминација тој победи со одлука на судиите – (50-44, 50-44, 50-44).
Марвин влезе во серија од 5 последователни победи и посака реванш со Израел Адесања, кој го победи пред извесно време со поделена одлука. Холанд треба да ја подобри својата борба откако влезе во серија од два последователни порази.