Ветераните на прилепското џудо се вратија на татамито (ФОТО)

Veteranite na dzudoto vo Prilep 

Ветераните, воедно, и едни првите џудисти во Прилеп, Маке Спиркоски и Киро Здравески, однеодмана се вратија на татамито.  Тие повторно почнаа да тренираат со џудистите на Сеишин, а има и што да научат младите од нив.

Veteranite so ekipata na Seisin

Маке Спироски (1950 г.) почнал да тренира џудо на 9 јули 1968 година, кога во Прилеп започнала иницијативта за формирање на ЏК Прилеп, од страна на Иницијативниот одбор на чело со Марко Андреески, тогашен началник на сообраќајната полиција во Прилеп. Подоцна, на изборно Собрание Марко Андреески е избран за прв претседател на ЏК Прилеп, а за тренер е назначен Чатлески Ѓорѓи. Во истото време се одвивал курс за џудо во салата на гимназијата „Мирче Ацев“ каде што учел и Маке Спиркоски. Во 1969 година се одржале и натпревари, првично како двомеч борби со Пелистер. Во тој период во клубот доаѓале да пренесуваат знаења и искуства многу студенти во Скопје, по потекло прилепчани, меѓу кои најистакнат бил Гоце Василески.

Vetarnite Prilep poducuvat deca

Потоа во 1970-1973 Спиркоски се зачленува во ЏК Вардар –Скопје, каде што активно учествува во Градската џудо лига во средна категорија. Во 1971 г. Маке е прогласен за најдобар во средна категорија и затоа настапува за репрезентацијата на СР Македонија на Државно првенство во Загреб, каде што не постигнува позначителен резултат. Во 1973 г. станува член на ЏК Чукарица од Белград, а потоа кратко време и во ЏК Партизан. Во 1974 година се враќа во ЏК Прилеп. Во 1977 поради посериозна повреда прекинува со активен тренажен процес.

Меѓу другото, Маке Спиркоски е учесник на 4 семинари за стручно усовршување во Охрид 1969 и 1970, во Вис 1971 и во Скопје 1973 Veteranite seisin vo zafatгодина.

Во текот на натпреварувачката кариера имал вкупно 45 борби од кои 15 победи , 19 загубени и 1 нерешена борба. Носител  е на црна појас 1 дан.

Од преголема желба и љубов кон џудо спортот, моментално со својот пријател и колега Киро Здравески одлучија повторно да се вратат во овој спорт, а за тоа го избираа ЏК Сеишин-Прилеп. Ветераните во клубот се примени одлично и придонесуваат за одлична мотивација за тренинг и натпревари кај најмладите.

Додека, пак, кај стручните кадри, кои ги водат тренинзите во клубот, многу ќе им значи пренесувањето на искуствата и тајните на џудо спортот водени од принципите.

 Киро Здравески (1951 г.) почнал да тренира џудо на 9 јули 1969 година во ЏК Прилеп. Од оправдани причини по една година прекинува со вежбање и заминува на школување во Куманово, а во 1971 година повторно се враќа во клубот. Истата година е учесник на многу републички натпревари. По заминувањето во ЈНА, каде на инерените џудо натпревари во војската редовно е првак во средна категорија, но и како член на екипата на касарната каде што служел. На Сеармиското натпреварување на ЈНА со екипата го освојуваат второто место. Во 1977 година Киро Здравески на Државното првенство во Гостивар во категорија до 60 кг станува државен првак.

Clenska Kniska vo DxK Prilep

 Во 1978 година се запишува на Џудо школата за тренери во Бања Ковиљача. Истата година заминува на подготовки на островот Вис. Репрезентацијата на СФРЈ во Џудо имала подготовки за Балканско првенство. Киро му бил спаринг партнер на Чихи Јанош (повеќекратен шампион во џудо спортот и актуелен тренер и  светски шампион за ветерани).

Својата натпреварувачка кариера ја завршува во 1984 година, а потоа и ЏК Прилеп прекинува со трененинзи, а Киро рекреира снаоѓајќи се.

Veteranite prilep stari sliki

Од преголемата желба и љубов кон џудо спортот моментално со навршени 64 години, повторно се враќаи активно партиципира во Сеишин. Истиот е задоволен од приемот во клубот од стручниот штаб и од сите членови.

Се надева дека ќе пренесе дел од своето искуство на помладите, а паралелно ќе биде и пример дека џудо се вежба што би рекле од 7 до 77 години, однсно истото е начин на живот.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON