Македонската репрезентативка Вероника Рјабоволова (50 кг) испиша историја за Македонија, за прв пат во женска сениорска конкуренција македонска борачка се закити со медал и тоа златен.
Со пет победи Вероника се пласира на првото место на еден од најсилните турнири во светот „Јашар Догу“ Истанбул, Турција.
За нашата репрезентација настапуваат:
50 кг Вероника Рјабоволова
57 кг Аид Салихаси – девети
61кг Владимир Егоров
70 кг Фати Вејсели – петти
74 кг Расул Шапиев
86 кг Адам Модосјан – осми
92 кг Столе Ефтимов