Макеоднската карате репрезентативка Вероника Костовска е на подготовки во Арангеловац, Србија, кај истакнатата тренерка Роксанда Атанасов.
„По подготовките во мојот матичен клуб „Олимпик“, моите припреми продолжуваат во Србија-Арангеловац, под водство на Роксанда Атанасов, тренер на олимписки, светстки и европски шампион“, вели Костовска и додава:
„Моите мисли , фокусот и енергијата се насочени кон Премиер лигата во Кина, која што ќе се одржи од 14-16 март. Ќе настапувам во категоријата сениорки -61 кг. Ќе го дадам мојот максимум и се надевам дека како единствен претставник од нашата земја достојно ќе ја претставам“.