Вероника Костовска ја почнува годината со настап на Карате 1 Премиер лига во Париз

Вероника Костовска (-61 кг) е единстевната каратистка од Македонија што ќе настапи на првото издание во 2025 година на светската Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција, од 24 до 26 јануари.

Каратистката на Олимпик спорт е меѓу 32-те најдобри каратистки во светот, со тоа Костовска безбеди место да настапува со светската елита.

Костовска најавува добри настапи во 2025 година и ќе атакува на медали на најголемите карате настани.

Во Париз учествуваат вкупно 380 каратисти од 70 држави.

Ќе потсетиме дека во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот во групата ги продолжува борбите во четвртфиналето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО