Верховен се потсети на средбата со Мајк Тајсон (ФОТО)

Ѕвездата и шампион во тешка категорија на Глори – Рико Верховен се потсети на еден одличен момент – се средбата со легендарниот боксер во тешка категорија Мајк Тајсон.

Двете легенди во кик боксот и боксот се запознале точно пред 8 години на настан на најпознатата кик-бокс организација во светот.

„Прв пат кога го запознав Мајк Тајсон беше пред околу 8 години“, напиша Холанѓанецот на Инстаграм профилот. Објавата и се допадна на трета легенда – Френсис Нгану, кој е актуелен шампион на УФЦ во тешка категорија и е добар пријател со Верховен.

Потсетуваме дека Рико Верховен освои три годишни рангирања – „Најдобар кикбоксер на годината“, „Најдобра борба за 2021 година“ (трилогијата со Џамал ​​Бен Садик) и „Најдобри акценти/ моменти од 2021 година“ во Глори.

Во 2021 година 195-сантиметари високиот Холанѓанец победи на турнирот во тешка категорија, победувајќи ги Хесди Гергес и Тарик Хбабез.

Во октомври Верховен требаше да се бори со Алистер Оверем, кој се врати на кик боксот, но мечот пропадна.

На местото на Оверем дојде Џамал ​​Бен Садик. Ова беше трет меѓусебен меч.

„Кралот на кикбоксот“ го победи 205 сантиметарскиот противник со технички нокаут во четвртата рунда на Глори 79: Колишн 3. За Верховен ова беше десетта последователна одбрана на титулата во тешка категорија.

Со победата во главниот меч на фајт шоуто во Амстердам (Холандија), шампионот ја доби трилогијата со Бен Садик. До тој момент имаа по една победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON