Холандскиот мајстор за удирачки техники Рико Верховен го потврди својот интерес за потенцијална суперборба со актуелната ѕвезда на ПФЛ, Френсис Нгану – откривајќи дека веќе имало разговори за можен судир со камерунскиот нокаут мајстор.
Верховен, актуелниот шампион во кик бокс во тешка категорија на Глори, досега има забележано еден професионален настап во ММА во 2015 година кога со ТКО во првата рунда го победи Виктор Богуцки во организацијата РХФ.
Што се однесува до Нгану, поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија имаше импресивно деби во ПФЛ пред два месеца во Саудиска Арабија, каде што доминираше со Ренан Фереира и заработи победа со нокаут во првата рунда по бруталниот граунд и паунд.
Последниот настап на Верховен беше во март оваа година како дел од Глори Гранд при серијата, каде што го победи Леви Ригтерс со ТКО во втората рунда, благодарение на правилото четири нокдауни. Овој викенд, на настанот Глори Колишн 7, Верховен повторно ќе ги вкрсти ракавиците со Ригтерс во главната борба на вечерта во неговата родна Холандија.
Сепак, по тој меч Верховен изјави дека борбата со Нгану може да стане реалност, потврдувајќи дека веќе се разговарале со советници од Саудиска Арабија. На прашањето што мисли за идејата за боксерски меч со „Предаторот“, Холанѓанецот одговори:
„Многу ми се допаѓа таа идеја“, изјави Верховен на новинарот Ариел Хелвани. „Разговорите се одржани. Веќе разговаравме (со Саудиска Арабија) за разни борби. Смешно е што Френсис беше еден од предлозите, но ние веќе преговаравме пред тоа. Возбуден сум за се што носи иднината. Отворен сум за секакви предизвици“.
„За мене оваа транзиција (во бокс) не е ни транзиција“, додаде Верховен. „Толку години се занимавам со бокс. Со години тренирам со Питер Фјури, кој е мој боксерски тренер. Тоа ми стана втора природа. Подготвен сум за што и да дојде. Прво, се разбира, го имаме 7 декември на менито, а потоа ќе видиме каде да одиме понатаму. Што и да не чека после тоа“.