Рико Верховен во главната борба на вечерта на Глори 41 во Ден Бош со едногласна одлука на судиите по пет рунди го победи поранешниот шампионна Енфужн, Исмаел Лазар.
Шампионскиот појас не беше влог во оваа борба.
Робин ван Росмален по втор пат стана шампион на Глори во перолесна категорија. Во мечот за испразнетата титула Покерфејс со мнозинска одлука на судиите беше подобар од 21-годишниот Тајланѓанец Петчпаномрунг Кијатмокао. Четворица судии му дадоа победа на Холанѓанецот, а еден мечот го бодуваше нерешено. На Петчпаномрунг во третата рунда поради прекумерно држење/клинч му е одземен поен.
Во одлична борба, шампионот на С-купот шутбоксинг, Закарија Зугари, со едногласна одлука славеше против Јеткин Озкула.
Муртел Гроенхарт со подолена одлука на судиите го победи Аргентинецот Алан Шајнсон, додека Мајкл Дут поради прекумерно држење е дисквалификуван во борбата со Мурад Бузид.
Глори 41 Суперфајт серија:
Рико Верховен – Исмаел Лазар (едногласна одлука, 50-45, 50-45, 50-45, 50-45, 49-46)
Робин ван Росмален – Петчпаномрунг Кијатмокао (мнозинска одлука на судиите, 50-44, 48-46, 47-47, 49-45, 49-45)
Муртел Гроенхарт – Алан Шајнсон (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 30-27, 30-27, 30-27)
Мурат Бузид – Мајкл Дут (дисквалификација, Р2)
Тијани Беџати – Јусеф Асуик (едногласна одлука, (5 × 30-26)
Закарија Зугари – Јеткин Озкул (едногласна одлука; 5 × 30-27)
https://youtu.be/uEMHdu_hhGs
https://youtu.be/MRY01_8f5ow
.